Добредојдовте во Германија! Овој водич има за цел да ви даде информации за земјата во која се наоѓате. Водичот е подготвен како одговор на општи прашања во врска со бегалците. На голем дел од советите во оваа мала книга не треба да се гледа како на закон или строго правило. Луѓето во Германија, нема секогаш да се однесуваат во согласност со овој водич. Меѓутоа, поголемиот дел од однесувањата опишани во водичов се вообичаени за повеќето луѓе, во поголемиот дел од времето. повеќе информации.
mazedonisch / македонски
секција 1 – Јавен Живот
-
„Guten Tag“ (Добар ден) и “ Auf Viedersehen “ (До гледање) се најчести поздравувања. При средба со едно или повеќе лица е вообичаено да ги поздравите. На пример, при влегување во продавница или во чекална кај лекар, поздравете ја групата луѓе кои се веќе таму со „Guten Tag“. На ист начин, можете да ги поздравите лицата по патот, во селата или далечните области.
-
Насмевката во јавност обично не се смета за флертување, иако комуницирате со непознати. Луѓето обично ја користат насмевката, кога се обидуваат да бидат пријателски и љубезни.
-
Луѓето во Германија ги почитуваат нивниот личен простор и нивната приватност, и со тоа може да ни делуваат од време на време воздржани. Сосема нормално е да седите до непознато лице во воз или во ресторан, со часови, само велејќи здраво и до гледање. Исто така, многу луѓе повеќе сакаат да седат сами, на пример, во јавен превоз.
-
За приватност и спокојство, луѓето често ги затвараат своите врати, на пример, во нивните канцеларии или дома. Се смета за учтиво да тропнете на вратата, пред да влезете, и обично ќе бидете добредојдени.
-
Недела е ден за одмор. Речиси сите продавници се затворени и само мал број на луѓе работат. Соседите можат да се пожалат ако го нарушите нивниот мир, на пример ако косите трева или вградувате нова полица на ѕидот. Исто така, луѓето во Германија очекуваат мир за време на спиењето, меѓу 22 часот (10 часот) и 6 часот наутро.
-
Уринирањето во јавност може да се смета за кривично дело. Јавни тоалети се на располагање на повеќе места. Тоалетите обично се опремени со тоалет хартија, но не и со тушеви. Можете слободно да ја фрлите тоалетната хартија во шолата, а не во кантата со отпадоци. Истото не се однесува за хигиенски влошки или тампони. Користете ја четката за да ги отстраните можните дамки. При напуштање на тоалетот, проверете дали е чист и сув. Се препорачува да го користите тоалетот во седечка положба. Доколку не постои писоар, истото важи и за мажи. Миењето на раце при напуштање на тоалетот е хигиенски стандард.
-
Во јавност, особено во јавниот превоз, се смета за непристојно да имате долги и гласни разговори. Разговорите и телефонските повици се водат тивко.
-
Во јавниот превоз се наоѓаат седишта и места кои се резервирани за постари лица, болни, за бремени жени, исто така има и места за колички и инвалиди. Луѓето обично ги оставаат тие места слободни или пак ги ослободуваат, кога има потреба.
-
На ескалаторите, луѓето обично стојат на десна страна а се движат по левата.
-
Ако ви треба помош, слободно побарајте ја од било кое возрасно лице. Вообичаено луѓето се љубезни. Се препорачува да не им се приближувате на деца, без согласност од страна на нивните родители.
секција 2 – Лична Слобода
-
Секој има право на слобода за изјаснување на религија – или има право да биде неопределен. Религијата се смета за приватна работа. Тоа значи дека можете слободно да верувате во што сакате, но се очекува од вас да ги почитувате и верувањата на другите луѓе.
-
Мислењата и разговорите во Германија се повеќе ориентирани кон изнаоѓање на решение, а не на поларизација. Медиумите имаат посебен вид на слобода, слобода на медиумите, која е заштитена со закон. Медиумите се занимаваат со широк спектар на теми вклучувајќи ја и критиката на владата и општествените институции (на пример Црквата). „Слободата на говорот“ ви овозможува слободно да го изразите сопственото мислење – доколку не дискриминирате, длабоко навредувате или му се заканувате на друго лице.
-
Јавното искажување на наклонетост помеѓу парови од (ист или различен пол) е вообичаено. Обично се манифестира со држење за рака, понекогаш бакнување или галење во јавност. Ова е општо прифатено однесување, на кое не треба да му обрнувате внимание.
-
Делумната голотија е честа и вообичаена, на пример, носењето на маици, кратки панталони или кратки фустани. Загледување по други луѓе се смета за непристојно.
-
Само во сауна и во некои базени можете да бидете „голи“. Меѓутоа, во јавните базени, луѓето носат костим за капење. Вообичаено базените и сауните не се делат според пол, иако понекогаш некои термини се резервирани само за мажи или само за жени.
секција 3 – Животот во Заедница
-
Луѓето во Германија често се ракуваат, при нивното пристигнување и заминување, и при запознавање на нови луѓе. Нормално е од лицето кое и се придружува на групата, цврсто да се ракува со секој присутен посебно. При ракувањето се гледате директно во очи, со лицето со кое се ракувате. Ракувањето е нормално за сите луѓе – машки и женски.
-
Луѓето при нивното поздравување често се прегрнуваат, а во некои делови од Германија и се бакнуваат, обично спротивниот пол на лице. Тоа е општо прифатливо како пријателски и не-сексуален гест.
-
Луѓето често го искажуваат своето мислење. Тие не сакаат со тоа да бидат нељубезни, туку само искрени. (Конструктивната) критика игра главна улога во усовршувањето на самиот себе и другите, особено во професионалниот живот. Не е ништо необично да бидеш критикуван или пак самиот да дадеш критика.
-
Точноста е многу важна. Дури и ако доцните на состанок или средба само 5 минути, може да се смета за непочитување на времето на другите. Доколку доцните, јавете му се на лицето со кое сте договорени, за да го информирате за вашето доцнење. Често се однесува како за доцнење на работа така и за приватни поводи, како што е посета на пријатели.
-
Доколку нешто ви се нуди, изразите „неин, данке“ (не, благодарам) означуваат учтиво „не“, а „битте“ или „герне“ значат „да“.
секција 4 – Еднаквост
-
Дискриминацијата врз основа на пол, раса, религија или сексуална ориентација е забранета и може да биде казнета со закон. Ако се чувствувате дискриминирани, или под закана, макар и само вербално: можете да се јавите во полиција. Насилството никогаш не е прифатливо решение, за било кој вид на коментар, дури и да е со навредлива содржина, дискриминаторен или заканувачки. Во Германија насилството е забрането.
-
Мажите и жените се рамноправни и ги користат истите права. Ако некој ве замоли да го оставите на мира, апсолутно мора да го почитувате: малтретирање на други луѓе, машки или женски е забрането. Побарајте дозвола ако сакате да сликате некого.
-
Хомосексуалноста е сосема нормална во Германија. На пример, поранешниот министер за надворешни работи јавно призна дека е геј. Хомосексуалните парови, може да регистрираат правно партнерство.
-
Луѓето слободно го избираат својот брачен другар и слободно стапуваат во брак доколку тоа го сакаат. Сосема е нормално за некои луѓе да не склучат брак, да имаат родители кои немаат склучено брак, или да немаат или не сакаат деца.
секција 5 – Животна средина и Екологија
-
Луѓето во Германија се добро познати по заштита на животната средина: тие го оддвојуваат отпадот и се обидуваат да рециклираат што повеќе. Тие не сакаат да фрлаат отпадоци наоколу. Ова се однесува подеднакво како за градовите така и за селата, а исто така и во природата: на пример, во парковите, патиштата и шумите. Доколку не постои канта за отпадоци во близина, отпадот го носите со себе, се додека не ја пронајдете. Обично на јавните места, можат често да се пронајдат канти за отпадоци, вклучувајќи ги и железничките станици, автобуските станици, парковите, итн.
-
Многу луѓе во Германија се обидуваат да ја ограничат употребата на енергија и ресурси. Со тоа обично се заштитува животната средина, а воедно можат да се заштедат и пари. На пример, луѓето се обидуваат да го држат фрижидерот отворен што пократко (дома или во супермаркет). Луѓето исто така и ги исклучуваат светлата, кога ќе ја напуштат просторијата.
-
Затворените прозорци не пропуштаат. Препорачливо е да се отвара прозорец од време на време, за вентилација. За да заштедите енергија, исклучете го греењето додека прозорците се отворени.
-
За повеќето шишиња се наплаќа кауција (од 8 до 25 центи), која се рефундира при враќањето на шишето. Празните шишиња можете да ги вратите во било кој супермаркет, не само во супермаркетот во кој сте ги купиле. Овие мерки за заштита на животната средина заедно со рециклирањето и повторната употреба на шишињата придонесуваат кон намалување на отпадот.
секција 6 – Храна, Пијалаци и Пушење
-
Пиењето вода од чешма е сосема безбедно. Водата од чешмите во Германија е под строга контрола и може слободно да се пие. Постојат неколку исклучоци од ова правило, на пример, на некои јавни места или во воз. Тие се посебно одбележани со: „Kein Trinkwasser“ (забрането за пиење).
-
Во Германија, ќе најдете голем избор на храна која содржи свинско, говедско или пилешко. Секогаш можете да прашате од кое месо се состои вашиот оброк, ако не јадете одреден вид на месо. Германците обично многу сакаат да јадат свинско месо.
-
Ќе најдете и многу места кои продаваат Донер, тоа обичен ќебап во парче леб. Правен е од пилешко, телешко, или јагнешко месо. Донер, како и другата брза храна (пиците, хамбургерите, помфритот, итн) обично се јаде без прибор за јадење. Сепак, приборот за јадење вообичаено се користи, кога ќе се јаде на маса.
-
Повеќето германски слатки се правени со желатин, кој се добива од свинско месо. Доколку сакате вашите слатки да се Халал, купувајте слатки на чија етикета пишува „vegetarian-вегетаријански“ или пак проверете на декларацијата дали содржи „gelatine-желатин“.
-
Германија има голем избор на дисконтни продавници (на пример Aldi-Алди, Lidl-Лидл и Penny-Пени) и поскапи супермаркети (пр REWE-РЕВЕ и EDEKA-ЕДЕКА) кои нудат се што им е потребно на луѓето за живот. Освен тие продавници, постојат и пазари, а исто така и мали турски, афрички, азијски или грчки супермаркети. Ако јадете само халал месо и слатки, веројатно истите ќе ги најдете во турските и арапските супермаркети (или ресторани). За разлика од супермаркетите, некои бензински пумпи се отворени 24 часа на ден, и често продаваат храна, меѓутоа тие се многу поскапи во споредба со другите.
-
Алкохолот, претежно пивото и виното, се смета за нормален дел од социалните вечерни настани, на пример, за време на вечера или при вечерното излегување. Исто така е сосема прифатливо, да не пиете алкохол, како и повеќето од Германците. Доколку сте понудени со алкохолен пијалок, секогаш може да го одбиете со “ Nein, danke-Не, благодарам“. Возењето под влијание на алкохол е строго забрането.
-
Пушењето е дозволено на многу јавни места, како за мажи така и за жени. Во рестораните и железничките станици постојат одредени „простори за пушење.“ Доколку сакате да пушите, се смета за учтиво да излезете надвор или на балкон. Пушењето во присуство на непушачи, деца или бремени жени се смета за непристојно.
секција 7 – Формалности и Бирократија
-
Продавниците и (службените) канцеларии, се отвараат и затвараат на време. На пример, доколку работното време („Оффнунгсзеитен-Öffnungszeiten“) завршува во 16 часот (4:00), се препорачува да бидете таму во 15:55 (3:55 во попладневните часови), бидејќи во 16:01 (4:01 во попладневните часови) веќе можете да ја најдете вратата затворена. Истото важи и за возови, автобуси, итн, во врска со нивното време на тргнување.
-
Административните постапки понекогаш изгледаат комплицирани и нерешливи, одземаат многу време и имаат стандардизирани процедури. Сето тоа може да предизвика незадоволство. Сепак, административните процедури се еднакви за сите и се креирани да бидат непристрасни. Нудењето и примањето на мито е кривично дело.
-
Луѓето во Германија ги почитуваат сообраќајните правила. Тие ги почитуваат знаците и застануваат на црвено светло на семафорот, дури и кога нема сообраќај. Ако не постои знак или семафор: лицето од десната страна има право на првенство („rechts vor links-рецхтс вор везе“).
-
За велосипеди се означени посебни патеки или ленти, особено во градовите. Пишувањето на пораки и зборувањето на телефон додека возите, е забрането. Кога патувате со автомобил, сите патници во автомобилот задолжително треба да имаат врзани појаси. Во автомобилот, децата мораат задолжително да користат посебно седиште, кое е примерно за нивната возраст.
-
Телефонските повици обично се примаат во текот на работното време. Тоа значи до 4 или 5 часот попладне. Приватните повици обично не се примаат после 9 или 10 часот навечер. Кога му се јавувате на некого, започнете го разговорот со вашето име.
-
За користење на јавен превоз, потребно е да се купи билет однапред. Билетите можат да се купат на сите пунктови или машини за билети. При влегувањето во трамвај, автобус или воз, понекогаш е потребно да го потврдите вашиот билет за возење (во некои градови, како што се Берлин или Минхен). Процедурите и видовите на билети може да се разликуваат помеѓу различни региони и градови.
секција 8 – Во Случај на Опасност
-
Секогаш потрудете се да им помогнете на луѓето кои се наоѓаат во опасност. Никогаш немојте да ги напуштате, секогаш можете да направите нешто. Секој има за задача, да им помогне на лицата кои се во опасност, на пример, да им понуди прва помош или да се јави во службата за итна помош (види подолу).
-
Во случај на конфликт, кражба, сексуално малтретирање, јавете се на полиција (број 110 од сите телефони ). Полицајците обично се љубезни и подготвени да помогнат и сериозно го разгледуваат секој повик.
-
Во случај на пожар или итна медицинска помош: јавете и се на противпожарната служба (број 112 од сите телефони). Овој директен телефон се користи само во случај на (опасност по живот). Истото важи и за собите за итна помош во болниците.
-
Ако ви треба лекарска помош, бегалците треба прво да се консултираат со социалната служба. Лекарските ординации обично се отворени од 8 наутро до 12 часот, а понекогаш и во попладневните часови. Повеќето лекари зборуваат англиски.
-
Ако ви се потребни лекарства во текот на ноќта, во недела или за време на државни празници, можете да побарате дежурни аптеки. За да дознаете која аптека е дежурна, погледнете на Гугл или јавете се на 22 8 33 (макс. 69 цент/мин.) преку мобилен телефон. Најблиската дежурна аптека е исто така објавена, на вратата од другите аптеки.
секција 9 – За Водичот
-
Овој водич е наменет на посетителите на Германија, бегалците и идните граѓани. Има за цел да им помогне на луѓето, кои се на самиот почеток од нивниот престој во Германија. Со посебен осврт кон бегалците, водичот има за цел да им обезбеди корисни информации, за време додека не можат да присуствуваат на курсевите за интеграција и германски јазик и култура, кои се предвидени од страна на владата. Бидејќи од септември 2015 година, BAMF (Bundesamt für Migration und Flüchtlinge) не обезбедува водичи за оваа намена.
-
Водичов е достапен на повеќе јазици и содржи илустрации, каде што е можно. Водичот е достапен на интернет, со можност за печатење и за дистрибуција. Печатените публикации можат да бидат достапни подоцна.
-
Единствената цел на овој водич е да обезбеди корисни информации. Сепак, разбирливо е дека водичов може да ни изгледа арогантен и навредлив. Таа интерпретација постојано критички се разгледува во овој проект.
-
Концептот и содржината на овој водич се креирани и составени, од страна на многу луѓе (на пример, луѓе од Сирија, Авганистан, Судан, Египет, Палестина и луѓе кои неодамна се доселиле во Германија, луѓе кои моментално се бегалци, итн.) Од суштинско значење беше да се вклучат бегалците при подготвувањето на водичот. При разговорите со бегалците во врска со проектот, беше посебно разговарано за тоа дали овој прирачник може да биде разбран како пренесувач на арогантни или навредливи ставови. Бегалците експлицитно го негираа тој проблем. Напротив, тие самите ги побараа информациите кои се содржани во овој водич.